Бонели магазин

                           

                        

© 2010 stripovimk

Мондадори е најголемата издавачка куќа во Италија која е во сопственост на актуелниот премиер Силвио Берлускони . Мондадори редовно откупува права за најпознатите стрип изданија од Италија и ги реиздава во луксузен повез со прифатливи цени на продажба. Неодамна издаде 12 книги со класиците за Алан Форд, а сега се одлучува за два познати стрип ликови од Бонели Едиторе. Текс Вилер и Дампир се необична комбинација и интересен избор на главните уредници кои се одлучуваат токму за избор на стрипови со различен жанр.Во првиот том се избрани класични приказни со Текс Вилер од авторите Џиан Луџи Бонели и Аурелио Галепини на 444 страници и старите приказни за траперите, индијанците, рударите низ пејсажите на стариот див запад, студените зими, жешките пустински лета и добрата на неистражените територии на Америка. Тука е и епизодата од Текс Макси од 2001 година на авторите Фонт и Босели “Северозападна територија“. Низ оваа книга се приказните потпишани и од авторите Ници, Репето, Марчело. Калегари, Фуско, Парлов, а има и воведен текст на Серџо Бонели.

 

Во изданието Дампир, имаме вкупно пет книги кои започнуваат со епизодите на стартот од серијалот. Во “Син на ѓаволот“ започнува сагата за потеклото на самиот лик кој стекнува голем број фанови во последните десет години од неговата премиера. Приказните се потпишани од авторите: Босели, Коломбо и Мајо.

© 2010 stripovimk