Стрип автори

                           

                        

© 2010 stripovimk

© 2010 stripovimk

Алфонсо Фонт е роден во Барселона во 1946 година. Уште како момче знаел што сака да прави во животот, па уште од раната младост започнува да твори стрипови. Студирал ликовна уметност и за време на студиите го прави својот прв контакт со издавачот Едитиорал Бургера. Во 1962 година започнува да работи како помошник во одделот за графички дизајн. Подоцна е ангажиран во едицијата Торај каде работи стрипови со тематика од дивиот запад. Таму работи неколку години пред да добие работа во професионалните агенции кои соработуваат со странските издавачи, претежно од Англија и од Соединетите Држави. На крајот од 1960те години, Фонт почнува да работи за издавач од Соединетите Држави преку агенцијата Selecciones Ilustradas. На почетокот од 1970те години, преку уште една агенција од Барселона, започнува да го илустрира својот прв серијал со главниот лик наречен Црниот Макс, за англиската издавачка куќа Fleetway. Во 1972 година, уште еднаш преку издавачот Selecciones Ilustradas, Алфонсо ја илустрира серијата наречена “Geminis“ која е напишана од Карлос Ечеверија. Серијалот се занимава со приказни за шпионажите од првата светска војна. Откако го комплетира договорениот број на епизоди, му се укажува прилика да соработува со издавачка куќа од Франција - Editions du Vaillant. Таму работи на неколку илустрирани епизоди кои издавачот подоцна ги прекинува бидејќи смета дека нивната дејност е сепак наменета за младата читателска публика. Потоа се враќа во Барселона од каде продолжува да работи со истиот сценарист и истата издавачка куќа од Франција. Работи со цртежи за новата серија за Les Robinsons de la Terre по сценарио на Roger Lecureux. Овој серијал не трае долго поради несогласувањето на сценаристот и илустраторот. Конечно, во 1980та година, Алфонсо Фонт започнува да работи на сопствени сценарија по што произлегуваат познатите Приказни од несовршената иднина, Мрачни приказни, Кларк и Кјубрик. Овие стрипови му носат и меѓународна слава на стрип автор.

 

 

  Приказни од несовршената

                   иднина                  

За Norma Editorial ја создава научно-фантастичната серија “Затвореник на ѕвездите , како и познатиот серијал “Такси“, приказна за новинарскиот истражител кој работи за меѓународна прес агенција, и “Приватно Око“, збирка на неверојатни детективски приказни. Истовремено се издаваат прекрасните стрипови за морнарот- авантурист од крајот на 19от век - “Џон Ронер“. Исто така, следува Роберт Луис Стивенсон кој исто така се појавува како стрип карактер. Потоа доаѓа “Bri d’Alban,” првиот албум за крстоносните војни против еретичките Катари од Окитанија.

            Џон Ронер

        Мрачни приказни

За сето тоа време, Фонт создава неопределен број на кратки црно бели приказни како “El As Negro“, “Dios lo Quiere“, “Blobul,” “Interiores“, итн ... И секако, не смее да се заборави на неповторливиот албум “Барселона во зорите“, кој е создаден во соработка со сценаристот Антонио Де Бласт, врз основа на реални настани што се случиле во Барселона во 1925 година. Фонт, повторно се навраќа на вестерн стриповите, па така започнува соработка со Бонели Едиторе од Италија каде црта приказни за Текс Вилер по сценарио на Мауро Босели. За својата работа на стриповите, Алфонсо Фонт има добиено повеќе меѓународни награди, вклучувајќи и ја и престижната награда “Yellow Kid” во 1996 година. Алфонсо е среќно оженет со сопругата Пили која е љубовта на неговиот живот и  со која имаат една ќерка, Ана.

    Барселона во зорите

         Текс Вилер

                Алфонсо Фонт