|
Блубери е Француско-Белгиски вестерн стрип,а негов креатор е Jean-Michel Charlier
и францускиот стрип автор Жан Жиро. Се работи за хронолошка приказна каде главен
протагонист е авантуристот Мајк Блубери кој патува низ стариот запад на Америка.
Приказната е за Мајк Донован чиј прекар е Блубери, име што го одбрал кога се борел
со неговите непријатели од југот кои исчезнале кога тој погледнал во Блубери Буш.
Приказната започнува со неговата авантура во Соединетите Држави, веднаш по граѓанската
војна. Друштво му прават неговите пријатели:пијаницата Џими Меклур, а подоцна и неговиот
пријател од Ред Вули. Донован е син на богат фармер и има минато на расист. Бил затворен
за убиство кое не го признал, а подоцна бил спасен од Афро Американец. Станува непријател
на сите дискриминатори и се борел против конфедерацијата во граѓанската војна, а
се трудел да ги заштити правата на сите американци. Блубери, за прв пат е издаден
на 31 октомври 1963та година како дел од стрип магазинот “Пилот“. Првиот наслов е
“Форт Навајо“која е приказна на 46 страници. Мишел и Жиро продолжуваат да ја продаваат
легендата за Блубери во “Пилот“, но и во други магазини се до 1990 година. За сето
време, авторскиот тим доживувал многу варијации, особено во работата на Жиро. Од
смртта на Жан Мишел па се до денес, Жиро ги пишува и ги црта сите албуми за Блубери.
Овој стрип во поранешна Југославија беше издаван од повеќе издавачи. Најчесто е печатен
во едициите на Маркетпринт од Нови Сад кој и денес публикува негови резиданија. Во
Хрватска, правата за овој стрип ги поседува загребскиот Бук Глоуб. Имтел на правата
за целиот свет е престижниот Даргауд од Франција.
|