Чико

                           

                        

© 2010 stripovimk

© 2010 stripovimk

Во 2007 година, издавачот Бонели едиторе од Италија ја прекина едицијата со специјалните изданија посветени на сопатникот на Загор, Фелипе Кајетано Лопез Мартинез и Гонзалес или за пријателите и оние што го честат вечера, познат само по името Чико. Серијалот започнува во 1979 година со приказната за Чико. Малку подоцна од оргиналното издание, во поранешна Југославија се појави истата приказна, но во редовната едиција на златна серија каде приказната беше разделена во два дела со насловите Чиково детинство и Чикови авантури. Гвидо Нолита заедно со Галиено Фери започнуваат интересен серијал во кој треба да се раскаже детството, младоста и патот на малиот мексиканец кој го носи во Соединетите Држави. Но, дуото на познати автори работат само на почетните пет епизоди и тоа со насловите: Приказна за Чико(1979), Чико американец(1980), Чико Индијанец,(1981) Чико Шериф(1982) и Фанта Чико(1983). Потоа, следува пауза од седум години пред да продолжи оваа едиција и тоа најпрвин по сценарио на авторот на Дилан Дог-Тициано Склави со приказната за Хорор Чико(1990), кога во истиот момент работата во цртачкиот дел до самиот крај ја превзема познатиот Франческо Гамба. Сите сценарија до крајот на едицијата, го носат потписот на Морено Буратини. Самиот почеток ветуваше добри епизоди, иако приказните повеќе преферираа хумористичен стил наменет за помладата стрип публика.

Чико - Златна серија

Cico Story 1979

Еден од поинтересните и поквалитетни моменти на овој серијал, секако е во приказната Фанта Чико или последната епизода потпишана од дуото Фери-Нолита. Се работи за фантастична приказна сместена во некој измислен агол на вселената проткаена со многу хумор и забава. Според сите рецензии кои можат да се видат на интернет, читателите одлично ја прифатиле оваа несекојдневна и амбициозна промена кај авторите кои креираат нови споредни ликови, видови, галаксии и комична хиерархија. Оваа приказна му се допаднала и на авторот Тициано Склави кој во неговиот единствен работен дел во оваа едиција ја креира приказната за Хорор Чико каде враќа дел од јунаците од Фанта Чико и прави комбинација со познати креации од филмовите за стравот и ужасот. Ова беше последниот специјал во поранешна Југославија насловен како Чико у дракулином дворцу или наслов кој нема врска со оргиналот. Кога сме кај комбинацијата на ликовите во овој серијал, треба да се спомене и фактот кој вели дека Чико патува низ вселената со помош на една капсула која остана на земјата,а беше донесена на ридот Натани во епизодите со Хелинген. Малиот дебелко случајно влегува во неа при бегство од една разбеснета Пума и уште послучајно ги активира командите што го пренесуваат светлосни години подалеку од нашата планета. Таму добива задача да го уништи диктаторот на споменатата планета,а се работи за обична кокошка и бизарности во приказната кои се одлично покриени со добар хумор. Издавачот Луденс од Загреб овој наслов неразбирливо го преведе како Фантаст Чико.

             Луденс Хрватска              Оргинал 1983

cc_zag0005 (1).jpg

Според многумина, се работи за добро започнат серијал кој се губи во приаказните некаде во средината на епизодите и можеби затоа одсекогаш имал споро темпо на излегување споредено со  специјалните изданија на Загор. По одличните први епизоди за неговото детство и младоста која ја минува низ различни професии како: Матадор, Шериф, а притоа со мало лукавство заглавува во едно индијанско племе каде ги превзема обичаите со единствена цел да преживее во познатиот наслов Чико Индијанец. Пред да стигне во Дарквуд каде го запознава неговиот доживотен сопатник, Чико минува низ половина од Соединетите Држави низ разно разни авантури на кои потоа се навраќаат авторите во приказните за Чико Прачовек, Чико Детектив, Чико Новинар, Чико Пионер, Чико Разбојник, Чико Трапер,Чико Војник, Чико Таен Агент, Чико Археолог, Чико затвореник, итн итн... Серијалот завршува со приказната Чико и Пријателите. Тоа е 27 епизода и означува крај на едно долго дружење со еден од најпознатите сопатници на главните ликови од Бонели продукцијата на сите времиња, инспириран од ликот на познатиот Циско Кид. Познат е  и по шпанскиот слоган Карамба и Карамбита, немерлив извор за неприлики, вечно гладен скитник, песимист, фуфкаџија и некој на кого му требаат пет минути да го искаже сопственото полно име и неговите триесетина презимиња.

cc_zag0027 (1).jpg

Чико и пријателите

          2007