
|
|
|
© 2010 stripovimk |

|
Мандрак |

|
Мандрак магионичарот е првиот стрип јунак на сите времиња со предзнакот суперхерој.Го создал Ле Фалк во 1924 година на свои 19 години, а две години подоцна ги продал правата на здружението King Features Syndicat.Со цртање продолжил Фил Дејвис кој го работел овој стрип до неговата смрт во 1964та година.Мандрак е магионичар со исклучителна дарба за хипноза која успешно ја користи во борбата против неговите непријатели како што се ганстерите,криминалците,лудите научници и појави од другите димензии.Неговиот партнер е Лотар кој Мандрак го среќава на еден негов пат низ Африка.Тогаш,Лотар беше принцот на седумте народи, моќна федерација во внатрешноста на џунглата. Наместо да стане крал,тој решава да го следи Мандрак во неговите патешевствија и претставен е како најсилен човек на светот. Мандрак и Лотар се првиот пар познат во светот како борци против криминалот. На почетокот, Лотар е претставен ни помалку ни повеќе како слуга на Мандрак кој многу слабо говори англиски, носи леопардова кожа преку рамениците, а неговите мускули предничат пред менталните вештини. Отако авторот Фред Фредерикс го превзема овој стрип, Лотар добива поинаква улога и тој подобро го говори англискиот јазик, неговите стил е изменет, иако сеуште носи маица со леопардова кожа. Нарда е ликот со кралска крв, љубовта на Мандрак уште од нивната прва средба. Се појавува во втората приказна, а се зедоа во 1997 година на посебна свадбена свечаност.Терон е таткото на Мандрак,иако тоа долго го криеше од него. Неговата мајка умрела набргу откако го родила него и неговиот брат Дерек. Терон е директор на академијата за магии(колегиумот магикос)некаде на хималаите. Староста на Терон се брои на стотици години, а овој феномен се должи на енергијата на моќниот ум, кристал на кој тој е чувар. Хоџо е готвачот на Мандрак и чуварот на неговиот дом во Ксанду. Поседува посебни боречки вештини и му помага на Мандрак во голем дел од случаите. Негов помошник е Џед. Магнон е најмоќниот пријател на Мандрак.Тој е царот на милион планети, па сепак,понекогаш му треба и помошта на Мандрак. Магнон и неговата жена Карола имаат ќерка по име Нардрака која е именувана по Мандрак. Карма е девојката на Лотар. Таа е африканска принцеза која работи како модел. Ксанду е високотехнолошко живеалиште на Мандрак опремено со најсовремена техника.
|

|
Кобра е мандраковиот најголем и најопасен непријател кој рано се појавува во неговите епизоди(1937) и кога истовремено за прв пат е и победен. Како и да е,тој повторно се враќа во 1965 година со криење на неговото лице, односно, се појавува со сребрена маска. Неговата главна цел е да се здобие со една од двете моќни кристални топки што ја зголемуваат менталната енергија кои се чувани од неговиот татко Терон. Мандрагон дознава дека вистинскиот идентитет на Кобра е Луцифер, неговиот најстар син и со тоа дознава дека всушност се работи за неговиот полу брат. Тој украл една од двете УМ кристали од колеџот за магии и затоа неговата моќ е многу голема. Подоцна, Кобра преку хируршка интервенција ја напушти својата сребрена маска. Стрипот со Мандрак во поранешна Југославија беше издаван во повеќе едиции. Најмногу беше застапен во едициите Гигант и Супер како и во Мандраковиот магазин. Беше еден од најчитаните стрипови во тоа време. За овој стрип јунак се снимени повеќе филмови и анимирани серии во Холивуд кои се повеќе или помалку познати, како и разни софтвери,игри итн... |
|
© 2010 stripovimk |