|
В.К. Најпрвин,кажете ни нешто за концептот околу Дилан Дог.Дали сте ограничени во
поглед на приказните,постојат ли работи на кои мора да внимавате или имате тотална
слобода во поглед на сценаријата...
П.Б. - Во секоја работа која што е врзана со сценографија најбитна е рамнотежата
и балансот.Една иста приказна може неколку пати да се промени.Може да се измени ритамот,времето,па
и да има доста големи паузи од едниот до другиот дел.Многу е тешко да се научи за
таа рамнотежа.Јас и денес одвреме на време ги правам грешките што ги правев како
почетник.Што се однесува до темите,мора да се земе во предвид врската со читателите,а
тоа се сепак оние читатели од помладата генерација и тука треба многу да се внимава.Претежно
се обработуваат актуелни теми и ние внимаваме на тоа.Дилан не е создаден како политички
или морален лик.Барем не од истите причини од кои беше претходно прифаќан.Денес се
прифатливи:добродушноста,заштитата на природата,правата на послабите,крајот на секоја
војна...
В.К. Се чини дека денешните епизоди во многу се разликуваат од оние почетните,а
ова многу колекционери зачестено го коментираат.На што се должи ова?Постојат ли добри
или лоши периоди?Какви се мотивите за тоа?
П.Б. - Да,малку ми е смешно кога се споредува Дилан Дог од 1986 до 2009 година.Ако
имаше сличности во музиката или во филмот,тоа би значело дека не е направено ништо
ново.Во 1986 година,Дилан Дог беше тотална новост,како во темите,така и во тоновите,така
и во стрилот.СЕ беше ново:самите антихероји,хорор темите и се што беше прикажувано
во сериите беше новост.Дилан не беше супехерој,туку беше обичен човек како и сите
други на кој читателот можеше да му се спротистави и да го почуствува одблиску.Дваесет
години подоцна со над стотици издадени приказни,повторно се чуствува истата еуфорија.Но
сега,тие читатели се мајки и татковци на денешните читатели.И јас почнав да ги читам
тие приказни кога бев мала,па еве денес ги пишувам.Но,сега веќе имам 40 години,па
некои работи повеќе не ми прилегаат,а повеќе го претпочитам,на пример Микеле Меда.Јас
ги обожувам неговите приказни.Тие се по мој вкус.Поминаа веќе дваесет години и не
се веќе истите читатели.Денешните читатели ги интересира друг вид на стрипови и оваа
споредба е навистина тешко да се направи.Еве,јас имам еден добар пример:во осумдесеттите
години,радиото воопшто не беше слушано,а денес истото се цени повеќе од телевизијата.Значи,ништо
не останува исто,се е менливо...
В.К. Дали има добар рецепт за да се измешаат жанровите како трилерот,хоророт,мистериите...Кога
треба да се вметнат специфични психо елементи во карактерите...
П.Б. - Мора да бидете многу добар во тоа што го работите и да го сработите со многу
страст,со слободна мисла и со многу бујна фантазија.Се е можно.Ако се работи врз
овие принципи,ништо не е невозможно.Веројатно, мешањето на жанровите е еден добар
предизвик,но не и невозможен.
В.К. Што е со концептот и вметнувањето на несекојдневна околина во позадините, и
конечно,каква е вашата комуникација со цртачите...Претпоставувам дека треба да се
помине некој период на зрелост кај авторот за да се достигне некаква скоро идеална
концентрација и инспирација која би резултирала со добра приказна на крајот...
П.Б. - Ова се веќе неколку прашања во едно,но сепак,ќе се обидам да ви одговорам
што е можно појасно:
а) Кога на почетокот работата те врзува со некој цртач,тогаш се приспособуваш на
неговиот начин на работа и на неговиот стил.Со некои цртачи имам дури и пријателски
однос,се слушаме по телефон и се договараме за работата што ни следува.
б) Една добра приказна е како премија на лото.Зависи од многу елементи:од односот
помеѓу авторот и цртачот и околу тоа со какво внимание ја работат приказната.Добрата
приказна е производ на еден голем професионализам,но професионализмот не е доволен
сам по себе.Треба да се работи со многу страст за да се добие нешто добро.
в) Инспирациите ги добиваш насекаде:од некоја вест прочитана во весник,некоја мисла
на некој пријател или пак од некој спомен кој ти останал врежан во меморијата.
г) Може да не влијаае воопшто или да влијае 100%.Секој ден е поразличен од другиот.Тоа
најмногу зависи од времето.Кога немам доволно време,тогаш сум ужасна.Не можам да
работам под стрес или кога треба да брзам.
В.К. Како ви оди со карактерот на помошникот на Дилан?Се чини дека Склави избрал
одличен сопатник кој публиката мошне позитивно го доживува.Особено што оживеа една
легенда на америчката кинематографија од 30те години на минатиот век со уникатен
стил на хумор...
П.Б. - Тешко.Баш поради фактот што е толку важен лик и легенда.Гручо,не е само комичен
лик.Неговиот начин на изразување е преку искажувањето вицови,несмасни шеги,игри на
зборови кои треба да бидат тесно поврзани со сцената на која се одвива дејствието.Бидејќи
е помошник,неговата улога е комплесна затоа што учествува во испрашувањата и навистина
е храбар.Сепак,никогаш не можеш целосно да бидеш сигурен во него.
В.К. Што е денес поголем предизвик за авторите на Дилан...Да бидат поблиску или
подалеку од стилот на Склави?Дали комуницирате редовно...
П.Б. - Точно.Начинот на пишување на Склави е навистина поинаков и често сме во некаков
конфликт со него.А тоа дека сме слични е навистина погрешно.Значи,Дилан, кој е
верен и доследен, навистина е пораозличен од оној на Склави.Би било бесмислено ако
не се разликуваме во нешто.Тоа би била една операција која би завршила неуспешно
уште на самиот почеток.Никој од нас не е Тицијано.Никој не знае што тој мисли и што
твори тој.Ниту пак тој е еден од нас и не може да пишува како ниту еден негов колега.Така
е подобро.Оваа хорска работа му дава неколку гласови на Дилан и тоа прави да биде
поинтересно.
В.К. Минатото лето го прочитав хрватското издание на гигантот број 15 "La lunga
notte(Долга ноќ), и мислам дека од поодамна не сум прочитал подобар стрип со Дилан
Дог.Исто така,забележливо е дека читателите од поранешна Југославија се наострени
во гласањето за најдобар стрип за 2008 да го прогласат вашиот Некрополис(Весели
Четвртак број 3),што е очигледен податок кој вели дека за брзо време станувате автор-миленик
кај стрип фановите на балканот...
П.Б. - Да,и тоа ми е навистина многу драго.Публиката која е надвор од Италија ми
е многу битна затоа што е тешко да ја освоиш.Исто така,јас имам многу пријатели од
различни држави на поранешна Југославија,па така, оваа вест ми е повеќе драга.
В.К. Би продожил уште малку за "La lunga notte бидејќи ме интересира вашата инспирација
за оваа приказна.Можеби потсвесно,помислив на некои елементи и трансформации од Небо
од Ванила и некои слични приказни на таа тема кои немаат некоја блиска врска со
хоророт,па сепак потсетуваат на приказната.Конечно,секогаш е интересно кога авторот
сака да им даде на дел од чудовиштата или вампирите,некој спротивен,чуден,односно,добар
карактер.Кој знае...можеби на крајот и Дилан ќе заврши како вампир или некаков вид
на Зомби...
П.Б. - Јас навистина сакам да пишувам многу за чудовишта,но пред се,за чудовиштето
во нас.Чудовиштето е различно и пред се,нас не плаши фактот што тоа воопшто не наликува
на нас.Понекогаш, и јас самата се чуствував како чудовиште.Кога бев малечка,бев осамено
девојче кое се трудеше да биде разбрано од околината,иако сакав да останам тоа што
сум.Затоа мислам дека било кое чудовиште,без оглед дали станува збор за вампир,дух
или нешто друго,сепак има нешто во својата природа што ние го оценуваме како негативно,а
тоа кај него е сосема нормално.Навистина е погрешно да го обвинуваш некое суштество
исклучително поради неговото оденсување.
В.К. Честопати авторите на Дилан Дог се навраќаат на неговото минато.Верувам дека
повторно ќе има навраќања од ваков тип се додека не го дефинирате потеклото на неговиот
вистински карактер.
П.Б. - Претпоставувам дека е така.Сепак,јас најпрвин сакам да откријам што бил тој
во минатото.
В.К. Од името на македонската стрип публика ви благодарам за ова интервју,ви посакувам
добро здравје и успех во работата.Се надевам дека Варм Комикс набрзо ќе објави некои
од вашите приказни за Дилан Дог,а зошто да не,Паола Барбато наскоро да ни биде гостин
во Македонија...
П.Б. - А зошто да не?Ништо не е невозможно!Треба да го запомните тоа.Јас сакам да
го пренесам моето целосно воодушевување на македонската публика и ви стискам палци...
Варм Комикс 2008
Превод: Делфина Велјаноска
Прашања: Александар Јованоски
Во соработка со Џорџо Санторо
Рим 2008
www.dylandogofili.com
|