
|
Алберт Удерзо |
|
© 2009 stripovimk |
|
Удерзо е роден во Фисмес во Франција на 27 Април 1927 година.Тој е француски стрип автор познат по сериите за Астерикс и Упмах Пах.Познат е како цртач,но и како сценарист на стрипови.Неговото потекло е од Италија од местото Одерзо по што се забележува сличноста во неговото презиме на Удерзо.За време на втората светска војна се сели во Франција каде му помага на неговиот татко за неговите тековни работи.Многу години потоа,Гошини(авторот на Астерикс)решава местото каде претстојува Удерзо да биде познатото галско село како местолокација за стрипот со Астерикс.Неговата кариера има успешен почеток во Париз во 1945 година каде работи и ги создава Flamberge и Clopinard.Во 1948 година работи на други стрипови како Belloy и Arys Buck.Со Рене Гошини се среќаваат во 1951 година додека претходно барал инспирација за поголеми работи.Набргу стануваат добри пријатели и решаваат да работат заедно веднаш по отворањето на фирмата со белгиски капитал "World Press".Првите креации биле Umpah Pah, Jehan Pistolet и Luc Junior.Во 1958 година го адаптираат Umpah Pah за списанието Тин Тин.Во 1962 година обајцата стануваа уредници и уметнички директори во "Pilote",магазин кој прв пат го лансира Астерикс во светот како стрип јунак кој станува инстант хит.По раната смрт на Гошини во 1977 година,Удерзо продолжува да работи самостојно,но поспоро,иако и денес насловните страни ги носат имињата на овој познат двоец. |
