
|
STRIPOVIMK |

|
Zagor |
|
Dilan Dog |
|
Mister No |
|
M. Misterija |



|
Прв македонски стрип портал |
|
Автори & Издавачи & Инфо & Јунаци |

|
Се извинуваме на посетителите на првиот домашен стрип портал поради долгата пауза што ја имавме поради технички причини. Се надевам дека сличните проблеми во иднина нема да ни се повторуваат и ве известуваме дека повремено работиме на мал редизајн на нашите страници и се надеваме дека ќе го привршиме за некои 30тина денови. Посетата на нашиот стрип портал останува во просек на некои 20 000 посетители во месецот и драго ни е што тоа е така,особено што и тоа е факт кој може лесно да се провери... |

|
Мандрак магионичарот е првиот стрип јунак на сите времиња со предзнакот суперхерој. Го создал Ле Фалк во 1924 година на свои 19 години, а две години подоцна ги продал правата на здружението King Features Syndicat. Со цртање продолжил Фил Дејвис кој го работел овој стрип до неговата смрт во 1964та година. Мандрак е магионичар со исклучителна дарба за хипноза која успешно ја користи во борбата против неговите непријатели како што се ганстерите, криминалците, лудите научници и појави од другите димензии. Неговиот партнер е Лотар кој Мандрак го среќава на еден негов пат низ Африка.Тогаш, Лотар беше принцот на седумте народи, моќна федерација во внатрешноста на џунглата... |

|
Во 2007 година,издавачот Бонели едиторе од Италија ја прекина едицијата со специјалните изданија посветени на сопатникот на Загор, Фелипе Кајетано Лопез Мартинез и Гонзалес, а за пријателите и оние што го честат вечера, познат само по името Чико. Серијалот започнува во 1979 година со приказната за Чико. Малку подоцна од оргиналното издание, во поранешна Југославија се појави истата приказна, но во редовната едиција на златна серија каде приказната беше разделена во два дела со насловите Чиково детинство и Чикови авантури. Гвидо Нолита заедно со Галиено Фери започнуваат интересен серијал во кој треба да се раскаже детството, младоста и патот на малиот мексиканец кој го носи во соединетите држави.. |
|
Блубери е Француско- |


|
© 2010 stripovimk |

|
Алфонсо Фонт е роден во Барселона во 1946 година. Уште како момче знаел што сака да прави во животот, па уште од раната младост започнува да твори стрипови. Студирал ликовна уметност и за време на студиите го прави својот прв контакт со издавачот Едитиорал Бургера. Во 1962 година започнува да работи како помошник во одделот за графички дизајн. Подоцна е ангажиран во едицијата “Торај“ каде работи стрипови со тематика од дивиот запад. Таму работи неколку години пред да добие работа во професионалните агенции кои соработуваат со странските издавачи, претежно од Англија и од Соединетите држави... |

|
Мондадори е најголемата издавачка куќа во Италија која е во сопственост на актуелниот премиер Силвио Берлускони . Мондадори редовно откупува права за најпознатите стрип изданија од Италија и ги реиздава во луксузен повез со прифатливи цени на продажба. Неодамна издаде 12 книги со класиците за Алан Форд, а сега се одлучува за два познати стрип ликови од Бонели Едиторе.Текс Вилер и Дампир се необична комбинација и интересен избор на главните уредници кои се одлучуваат токму за избор на стрипови со различен жанр... |